Санкционирани 287 возачи во Скопје

пред 4 години

Во рамки на засилените акциски контроли на полицијата вчера во Скопје се санкционирани 287 возачи.

-Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 4 прекршоци, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола, 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак“. Изречени се 123 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.

Од Министерството најавуват дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top