Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, на неговиот фејсбук-профил објави видео од јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој ја пее песната „Македонско девојче“. Благој вели дека Казухиро песната ја снимил во Токио и дека тој е голем пријател на Македонија. Видеото со песната на Јонче Христовски, а која е посветена на ќерката на Виолета Томовска, беше објавено вчера на Јутјуб.
![](https://demo13.clip.mk/wp-content/uploads/2021/01/kkmkdevojtse-1024x576.jpg)